недела, 14 декември 2025
Голем гест на „жолтата подморница“

Виљареал бесплатно ќе ги носи сите навивачи во Мајами за историскиот натпревар со Барса

„Жолтата подморница“ попладнево објави дека сите навивачи кои имаат сезонски билети, бесплатно ќе патуваат во Мајами за историската пресметка против Барселона.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона и Виљареал на 20. декември ќе ги одмерат силите во Мајами, натпреварот е договорен и се чека само формално зелено светло од УЕФА и ФИФА.

Во таборот на Виљареал сметаат дека ова е одлична можност за промоција на шпанскиот фудбал и проширување на пазарот, но во исто време не сакаат да ги разочараат своите навивачи, па затоа ќе направат голем гест.

Сите оние кои имаат сезонски билети, бесплатно ќе патуваат во Мајами за историската пресметка против Барселона, клубот ќе им ги покрие сите трошоци – авионски билет, такси, сместување и влез на стадионот.

Доколку одредени навивачи не се во можност да патуваат во Мајами, за нив ќе следи 20% намалување на цената на сезонските билети.

ФОТО: X/Villarreal CF

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ