По епското финале меѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер, од сите стигнуваат пофалби и за двајцата и покрај тоа што овие двајца тенисери веќе некое време се издвојуваат од останатите.
„Нивото на нивната игра е неверојатно. Не можам да поверувам дека добивме вакво ривалство. Никогаш не би помислил дека ќе кажам такво нешто по Федерер, Надал и Ѓоковиќ, но Синер и Алкараз играат на повисоко ниво и побрз тенис“, вели Виландер.