четврток, 18 декември 2025

Вестбрук преку Јута ќе му стане соиграч на Јокиќ во Денвер

Денвер добива квалитно засилување за новата сезона, Расел Вестбрук ќе биде од сериозна помош на Никола Јокиќ во походот кон нов шампионски трофеј.

Објавено на

часот

Сподели

Рекордерот по бројот на „трипл-дабл“ учиноци во НБА, Расел Вестбрук преку Јута ќе се пресели во Денвер.

Тој го напушти ЛА Клиперс во трејд со „џезерите“ во кој учествува Крис Дан, а Јута ќе ги добие и правата на Балша Копривица, како и 4,3 милиони долари.

Медиумите пренесуваат дека Јута сега ќе го откупи договорот на Расел Вестбрук со што ќе се отвори патот за искусниот плејмекер да се пресели во Денвер.

Па „нагетс“ и Никола Јокиќ ќе добијат сериозна помош во походот кон нов шампионски трофеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ