недела, 25 мај 2025
Стави потпис на нов договор

Верноста на Ван Дајк има цена, Холанѓанецот ќе биде најплатен дефанзивец во Европа

Вирџил ван Дајк стави потпис на нов двегодишен договор со Ливерпул, медиумите од „островото“ пренесуваат дека Холанѓанецот ќе има неделна плата од околу 400.000 фунти

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул обезбеди уште еден важен потпис, по Мохамед Салах, нов договор прифати и Вирџил ван Дајк.

„Многу сум среќен и горд што ја продолжувам соработката. Прекрасно е што можам ова патување да го продолжам за уште две години. Не размислував за ниту еден друг клуб, моја единствена желба беше да останам во Ливерпул“ – вели Холанѓанецот.

Но верноста на Ван Дајк има цена, како што пренесуваат медиумите од „островото“, неговата неделна плата ќе изнесува помеѓу 385.000 и 400.000 фунти, или над 20 милиони фунти по сезона.

Со вакви бројки, Холанѓанецот ќе биде најплатен дефанзивец во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ