четврток, 19 март 2026

Венус Вилијамс на 45 години се врати на УС Опен, но испадна во првото коло

Американската тенисерка, Венус Вилијамс играше во првото коло на УС Опен, успеа да освои сет, но не и да направи изненадување и да го мине првото коло.

Објавено на

часот

Сподели

Таа играше со 11. носителка, Каролина Мухова. Венус го загуби првиот сет со 6-3, но во вториот беше подобра со 6-2.

Сепак Американката немаше сили во третиот решавачки сет, го загуби со убедливи 6-1 и беше елиминирана.

„Атмосферата беше неверојатна, а таа е вистинска легенда. Ми беше чест што бев на ист терен со неа“, изјави Мухова по мечот, додавајќи дека иако имала пад во вториот сет, успеала да се собере и да го заврши натпреварот во своја полза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ