сабота, 11 април 2026

Вемби одигра маестрален меч и постави нов рекорд во НБА (ВИДЕО)

Ноќеска се играа мечевите од претпоследното коло од регуларниот дел во НБА сезоната, а посебно се истакна Виктор Вембањама во победата на Сан Антонио над Далас од 139-120.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сан Антонио го доби тексашкото дерби против Далас, а најзаслужен за тоа е Вембањама кој е и кандидат за МВП наградата.

Вемби мечот го заврши со 40 поени, 13 скокови, пет асистенции и две украдени топки. Статистиката станува импресивна ако се знае дека е постигната за само 26 минути и 13 секунди поминати на паркетот. Кошаркарот на Сан Антонио стана играчот кој за најмалку минути поминати на теренот стигнал до статистика од 40 поени, 10 скокови и пет асистенции.

Ноќеска најмногу профитираше Лејкерс кој со 101-73 го совлада Феникс, а Минесота ја прекина победничката низа на Хјустон триумфирајќи со 136-132.

Ова значи дека Лејекерс се пред Хјустон на табелата и ќе имаа предност на домашен терен во плеј-оф мечот.

Резултати:

Атланта – Кливленд 124-102
Шарлот – Детроит 100-118
Вашингтон – Мајами 117-140
Бостон – Њу Орлеанс 144-118
Индијана – Филаделфија 94-105
Њујорк – Торонто 112-95
Чикаго – Орландо 103-127
Милвоки – Бруклин 125-108
Сан Антонио – Далас 139-120
Денвер – Оклахома 127-107
Хјустон – Минесота 132-136
Јута – Мемфис 147-101
Портланд – ЛА Клиперс 116-97
Сакраменто – Голден стејт 124-118
ЛА Лејкерс – Феникс 101-73

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ