сабота, 13 декември 2025

Вембањама: Јокиќ не е најдобриот кошаркар во НБА

Младата ѕвезда на Сан Антонио, Виктор Вембањама даде контроверзна изјава велејќи дека двајца кошаркари се подобри од Никола Јокиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Французинот е во аут поради повреда, а вели дека кога ќе се врати и тој ќе биде подобар од Јокиќ.

„Мислам дека Јокиќ е најдобриот офанзивен играч, но не сметам дека е најдобар играч генерално. Тешко е да се каже – според мене, тоа е меѓу Јанис Адетокумбо и Шеј Гилџис-Александер. А кога ќе се вратам јас на теренот, мислам дека тоа ќе бидам јас“, изјави самоуверено младиот Французин.

Ова негово размислување е чудно, затоа што доминацијата на Никола Јокиќ е толку јасна што нема ни дебата за тоа кој е најдобар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ