понеделник, 8 декември 2025

Вембањама го уништи Далас во тексашкото дерби (ВИДЕО)

Виктор Вембањама со 40 поени го предводеше Сан Антонио во гостинска победа кај ривалот од Тексас, Далас кој одигра добро само во првата четвртина. Спарс го добија мечот со 125-92.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот беше рамноправен само во првите 12 минути во кои Далас водеше со 29-28. Потоа на сцена стапи Вембањама за кој домаќините немаа решение.

Сан Антонио го сврте резултатот, на полувремето замина со предност од 60-51. Во вториот дел го докрајчи противникот за висока победа од 125-92.

Вембањама беше убедливо најдобар поединец на теренот, покрај 40 поени, имаше и 15 скокови. Во составот на Далас најдобар беше Ентони Дејвис со 22 поени и 13 скокови.

Резултати:

Шарлот – Бруклин 136-117
Њујорк – Кливленд 119-111
Орландо – Мајами 125-121
Атланта – Торонто 118-138
Бостон – Филаделфија 116-117
Чикаго – Детроит 115-111
Мемфис – Њу Орлеанс 128-122
Милвоки – Вашингтон 133-120
Јута – ЛА Клиперс 129-108
Далас – Сан Антонио 92-125
Феникс – Сакраменто 120-116
Портланд – Минесота 114-118

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ