понеделник, 8 декември 2025

Велшаните нема да разменат дресови со македонските фудбалери

Во последното коло од квалификациите за Светското првенство, Велс и Македонија ќе влезат во директна битка за втората позиција на табелата, откако Крег Белами е селектор на Велшаните, има едно интересно правило врзано за дресовите.

Објавено на

часот

Сподели

Откако Белами стана селектор, велшките фудбалери не смеат да разменуваат дресови со противниците. Така ќе биде и на мечот со Македонија.

Селекторот на Велс ја објасни својата филозофија поврзана со велшкиот дрес.

„Дресот не смее да се менува. Зошто? Затоа што премногу сте работеле за да го заслужите. Немојте да мислите дека сте доволно добри, па можете да го подарите. Можете да го вратите на тимот или да го чувате дома, тој е наш симбол. Тој дрес не треба да се допира, фудбалерите го разбираат тоа и го почитуваат“, изјави Белами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ