понеделник, 19 јануари 2026

Велковски: Покажавме пред Европа дека можеме да играме добар ракомет

Ракометарите на Македонија извлекоа бод против Португалија (29-29) во втората рунда од Европското првенство.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

По натпреварот задоволството не го криеше и го сподели десниот бек Мартин Велковски.

Едностанво, верувавме и останавме заедно сплотени. Можеби во претходни ситуации сме се распаѓале при ваков резултат, но останавме сплотени, верувавме и докажавме дека знаеме да играме ракомет и пред се боревме за нашата држава и навивачите кои дојдоа далеку од дома да не бодрат. Уште пред да дојдеме знаевме кои мечеви се за нас клучни. Романија ни е следна, се фокусираме на неа и одиме да го добиеме мечот, ако ни се отвори шанса да пројдеме во следната фаза. Многу сум благодарен за овој бод, исто така и на неверојатна публика коај дојде во огромен број далеку од нашиот тим. Се надевам дека ги направивме горди. Овој резултат е голем за нас, покажавме пред Европа дека играме добар и борбен ракомет“, изјави Велковски.

Во последната рунда Македонија мора да ја нападне победата против Романија. За пласман во следната фаза треба да чека и услуга од Данска во дуелот со Португалците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ