сабота, 6 декември 2025

Веќе нема дилеми, Македонија сигурно ќе игра во бараж за Светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во баражот за Светското првенство 2026 без разлика на исходот во квалификациите, местото ни е загарантирано од Лигата на нации.

Објавено на

часот

Сподели

Откако го освоивме првото место во нашата група во Лигата на нации, стана јасно дека сме многу блиску до мундијалски бараж.

Сега по одигрувањето на првите кола од квалификациите стана јасно дека таквата позиција ни е сигурна.

Од кој шешир ќе бидеме влечени зависи од тоа како ќе поминеме во квалификациите, ако бидеме втори ќе бидеме во вториот или третиот шешир, ако бидеме трети ќе бидеме во четвртиот шешир.

Според сегашните проекции најблиску до наши противници се Италија и Турција, но може да има промени бидејќи Италијанците имаат шанси и за првото место во нивната група.

До крајот на квалификациите има уште два репрезентативни прозорци, па потоа точно ќе се знае ситуацијата. Најважно е дека имаме загарантиран бараж, а ако се случи чудо и го освоиме првото место во групата ќе одиме директно на Светско.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ