среда, 8 април 2026

Вечното дерби без голови, Пелистер по Шкендија го запре и Вардар

Вечното македонско фудбалско дерби меѓу Пелистер и Вардар заврши без голови (0-0).

Објавено на

часот

Сподели

Средбата од 26 коло на Првата македонска фудбалска лига понуди голема борба, доста тензија и на крајот ремито веројатно беше најреален исход.

Првиот дел на „Петар Милошевски“ во Битола не понуди многу, а вардарци имаа закани преку Бобан Николов и Диего Кастањеда. Второто полувреме понуди потактичка борба, но и еден поништен гол преку Мирко Ивановски кој беше во офсајд.

Најголемата шанса беше во петтата дополнителна минута, а ја имаше Мислав Матиќ по една мешаница со удар од шеснаесетникот. Сепак, голманот Андреј Јовчевски го одбрани ударот.

На крајот екипите го поделија пленот, а тоа повеќе му одговараше на Пелистер кој има 26 во борбата за опстанок. На врвот на табелата Вардар остана лидер, но сега има само бод повеќе од второпласираната Шкендија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ