недела, 7 декември 2025
Лига Европа

Вечер на тинејџерите во Порто, Мора ја расплака Црвена звезда во 89. минута (ВИДЕО)

Порто со 2-1 ја доби пресметката против Црвена звезда во 2. коло во Лига европа во натпревар на кои се истакнаа двајца тинејџери – Родриго Мора и Василије Костов.

Објавено на

часот

Сподели

Црвена звезда со пораз се враќа од „Драгао“ и покрај тоа што беше многу блиску до бод.

Домаќините поведоа преку Вилијам Гомеш од пенал во 8. минута, но 17 годишниот Василије Костов убаво погоди во 32. минута за 1-1.

Но во финишот од мечот на сцена стапи уште еден тинејџер, 18 годишниот Родриго Мора реализираше една брза контра и донесе победа за Порто од 2-1.

Ренџер на нашиот Бојан Миовски загуби на гостувањето кај Штурм Грац со 2-1, репрезентативецот на Македонија одигра цело второ полувреме.

Динамо Загреб имаше успешна вечер и триумфираше на гости против Макаби и покрај тоа што домаќините први поведоа.

„Популарните“ модри во само 180 секунди направија пресврт со головите на Лисица и Љубичиќ во 16. односно 19. минута. Дилемите околу победникот беа решени на средината од второто полувреме, Љубичиќ со својот втор гол ги постави конечните 1-3

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ