Вардар тргна од Скопје, слета во Болоња каде фудбалерите ги пречека клупскиот автобус, а од таму се упатија кон Сан Марино.
Македонскиот тим го доби првиот натпревар со 3-0, па се очекува да имаат мирен реванш кој ќе донесе сигурен пласман во второто квалификациско коло каде ги чека Лозана.
Мечот меѓу Ла Фиорита и Вардар се игра во четврток од 21 часот.







