Македонскиот претставник во главната рунда влегува со два пренесени бода, додека португалскиот тим стартува од нула, што дополнително го зголемува значењето на овој дуел за домаќините. Вардар на стартот на годината покажа стабилна форма и најави борба за позитивен резултат.
Скопскиот состав во 2026 година запиша три победи во домашното првенство, а во тимот повторно се на располагање Милан Лазаревски, Мигел Еспиња и Мамаду Кеита, додека ново засилување е Жоао Педро.
Натпреварот во Лисабон ќе започне во 18:45 часот, откако терминот беше променет поради фудбалскиот дуел меѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лигата на шампионите.






