петок, 26 декември 2025

Вардар закажа комеморативна седница за Васил Рингов

Од ФК Вардар информираат дека е закажана комеморативна седница во чест на вардаровата легенда, Васил Рингов кој неодамна почина.

Објавено на

часот

Сподели

Седницата ќе се одржи в недела од 12:00 часот.

„Фудбалскиот клуб Вардар во недела во 12.00 часот во Дијамантската сала на хотел Хилтон, ќе одржи комеморативна седница во чест на легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов. ФК Вардар ги поканува сите љубители на фудбалот, навивачи на клубот, почитувачи на Васе Рингов да присуствуваат и да му одадат почит на една од најголемите фудбалски легенди на клубот и државата“, соопштија од Вардар.

Рингов почина на 70-годишна возраст, а во својата кариера собра над 200 настапи за Вардар во кои постигна 93 гола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ