сабота, 21 март 2026

Вардар загуби од Арсими, а Шкендија го казни тоа и се израмнија на врвот во ПМФЛ

Трката за титулата во Првата македонска фудбалска лига по долго време е на „нула“.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите на Арсими го победија лидерот Вардар со 1-0 во натпреварот од 24 коло. Домашниот тим од Чергане успеа да го изненади фаворитот на „Градскиот стадион“ во Гостивар, а херој на победата беше шпанскиот фудбалер Марсел Гони. Тој во 44. минута даде гол кој првично беше поништен, ама потоа со ВАР реакција доделен.

Вардар немаше сили да се врати во натпреварот и го претрпе само вториот пораз сезонава.

Шкендија сега стигна до идентичен скор со вардарци, откако триумфира на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 0-1. Херој на тетовци беше Ендрит Красниќи со гол во 53. минута од средбата.

Сега водечките екипи се израмнети со по 58 бода на врвот на ПМФЛ. Во следното коло Вардар е домаќин на Македонија Ѓорче Петров, додека Шкендија ќе го дочека Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ