понеделник, 26 јануари 2026

Вардар вторпат загуби во Анталија, Струга во финишот потклекна пред Рубин

Екипите кои се борат за титулата во ПМФЛ претпеа порази од руските противници во Анталија.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите на Вардар го претрпеа вториот пораз на подготовките во Анталија, откако загубија со 3-0 од Динамо Махачкала.

Рускиот ривал на скопскиот тим во првиот дел стекна двојна предност со погодоците на Аларкон и Агаларов. Во продолжението Вардар не успеа да се врати, а потоа Дапо стави точка на победата.

Претходно вардарци ремизираа со Андијан (1-1), а загубија од Јаблонец (6-2). Во Турција пред „црвено-црните“ се уште два теста против Ахмат Грозни (Русија) и Алашкерт (Ерменија), а пред стартот на втората полусезона ќе се судрат и со Осогово.

Прв пораз во подготовките претрпе Струга, откако во финишот падна против Рубин Казан (2-0). Долго време немаше погодоци на оваа средба, за во финишот Кузнетсов и Мукба да реализираат за победа на Русите.

Досега Струга ја победи екипата на Малиќи (3-0), а потоа во Анталија ремизира со Тренчин (2-2) и Пахтакор (1-1). На стружани им следува уште еден турски тест со екипата на Сочи, додека потоа играат и против Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ