понеделник, 9 февруари 2026

Вардар во продажба пушти блок карти за мечевите со Мелсунген и Бенфика

Од денеска ќе може да се купат блок карти за двата натпревари на Вардар од главната фаза во ракометната Лига Европа кои црвено-црните ги играат против Мелсунген и Бенфика.

Објавено на

часот

Сподели

Блок влезниците ќе се продаваат само една недела, а потоа продажбата ќе продолжи со поединечни билети и повисоки цени.

Со блок билетите ќе се резервира истото седиште и за двата натпревари. Најевтините чинат само 300 денари, а во зависност од местото има и со цени од 400, 500, 600 и 700 денари.

Вардар главната фаза ја почнува со два бода, а во групата се уште Мелсунген, Бенфика и Кристијанштад. Со шведскиот претставник „црвено-црните“ веќе се сретнаа во групната фаза и славеа во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ