По само пет минути игра српското засилување Стефан Цветковиќ постигна гол за водство на Вардар од 1-0.
Потоа на сцена стапија повратниците во Вардар. Во 18. минута Бобан Николов зголеми на 2-0, а брзо потоа реализираше и Дарко Велковски.
Пред крајот на првото полувреме Босаниќ зголеми на 4-0, а во вториот дел погоди и Омерагиќ за 5-0.
Во судиското продолжение голманот на Вардар, Талевски направи кикс, па фаул за пенал. Ударот од белата точка го реализираа гостите од Арсими за конечни 5-1.






