Вардарци стигнаа до победата во Кратово по голема борба, иако беа доминанти и редеа шанси во првиот дел до гол дојдоа во финишот. Клучниот момент на натпреварот се случи во 26 минута, кога Дарко Додев поради приговор доби втор жолт картон и беше исклучен.
Пред паузата Стефан Цветковиќ го матира голманот Џеков и донесе вардарово водство од 0-1 во 43 минута од средбата. Во продолжението Силекс со десетмина немаше сили да се наметне и Вардар го одбрани стекнатото водство за победа и враќање на победите во елитата на мак-фудбалот.
Екипата на Шкендија не успеа да ја победи Брера Струмица и одигра само нерешени 1-1. Не можеа фудбалерите на шампионот да стигнат до победата со десет играчи на теренот.
Уште во 16 минута Имран Фетаи беше исклучен поради старт како последен играч пред својот гол. По долга ВАР проверка судијата Бафто му го покажа патот кон соблекувалната. И покрај тоа резултатот беше отворен преку Ендрит Красниќи во 33 минута, па Шкендија поведе со 1-0. Долго време овој резултат не беше променет, а на крајот Брера успеа да дојде до израмнување и голем бод. По една контра Виктор Велкоски со глава го матира Гаје за конечните 1-1 во петтата дополнителна минута.
По ова коло Вардар има 55 бода, три повеќе од второпласираната Шкендија, Силекс е четврти со 39, а Брера со 28 се наоѓа на седмата позиција.






