Црвено-црните беа непрепознатливи во првиот дел кога примија дури 24 голови, Бенфика водеше со дури осум разлика по тие 30 минути, беше 24-16 за домаќините.
Во вториот дел Вардар го крена нивото, но успеа само да го намали конечниот резултат на 35-40.
Дмитро Хориха и Мишел Тузолана постигнаа безмалку половина голови за Вардар, првиот девет, а вториот осум.
Во второто коло, идната недела, нашиот тим го пречекува првиот фаворит во групата Мелзунген.






