Вардарци в четврток во 18:30 часот ќе ги дочекаат охриѓани во натпревар од огромна важност. „Црвено-црните“ имаат висока предност на врвот, а токму Охрид е еден од ривалите за највисок пласман.
За Вардар победа ќе биде нов чекор кон враќањето на пехарот во Скопје. Поради тоа, „црвено-црните“ се решија за популарен чекор и бесплатен влез во СЦ „Јане Сандански“.
На табелата Вардар има 46 бода, четири повеќе од Еурофарм Пелистер, но и натпревар повеќе. Од друга страна Охрид со 40 е третопласиран, додека Алкалоид е четврти со 38.







