сабота, 4 април 2026

Вардар со „петарда“ против Македонија ЃП се одлепи на врвот на ПМФЛ

Фудбалерите на Вардар направија чекор во шампионската трка, откако убедливо славеа над Македонија Ѓорче Петров со 5-1 (2-0) и повторно се искачија на врвот во ПМФЛ во 25. коло.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвено-црните“го искористија поразот на Шкендија од Пелистер и сега имаат предност од три бода, а до триумфот стигнаа со една од најдобрите партии оваа пролет. Главна фигура беше Хоакин Торес, кој постигна два гола и беше постојана закана за одбраната на гостите. Сепак, мечот можеше да тргне и во поинаков правец, бидејќи Македонија ЃП на стартот пропушти неколку одлични можности.

Клучниот момент се случи во првиот дел кога Вардар поведе преку Дарко Велковски, а набрзо потоа гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Кабаркас. До полувремето за вардарци погоди Диего Кастањеда за 2-0.

Во продолжението Торес го постигна својот прв гол во 61 минута од натпреварот (3-0), а потоа погоди и Бобан Николов. Почесен гол за „лавовите“ постигна Галевски, но Торес во 75 минута стави точка на победата (5-1).

Вардар има 61 бод, три повеќе од Шкендија. Во следното коло „црвено-црните“ одат на мегдан кај ривалот Пелистер, додека Македонија ЃП е десетта со 23 бода и во следната рунда го дочекува Арсими.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ