Лидерот во мак-фудбалот долго се мачеше, во првиот дел се обидуваа Азер Омерагиќ и Давид Бабунски, ама безуспешно. Во продолжението Вардар продолжи да притиска. Следен се закани Стефан Цветковиќ со глава, но не го погоди голот.
Опсадата пред голот на Брера траеше до самиот крај, тренерот Гоце Седлоски фрли сè на карта напад и шансите се редеа. Трудот се исплати во судиското продолжение, кога Едиз Спахиу во обид да шутне изнуди пенал, откако еден од дефанзивците на Брера играше со рака.
Одговорноста ја презеде Горан Закариќ и го матира младиот голман Диковски со гол за 1-0 и победа во 94. минута од средбата.
Со оваа победа Вардар моментално е на „плус шест“ на врвот во однос на Шкендија која утре го дочекува Арсими. Од друга страна, Брера со 28 бода е седмопласирана.






