Црвено-црните рано го отворија натпреварот, Омерагиќ погоди уште во осмата минута за водство на Вардар од 1-0.
Но, само шест минути подоцна Хрвановиќ реализираше за израмнување на 1-1, резултат кој долго беше актуелен.
Вардар создаваше шанси обидувајќи се да го врати водството, но се изнапромашува, Силекс се обидуваше од контра напади да направи пресврт, но не успеа.
Во 85. минута голманот на Силекс, Џеков доби црвен картон поради фаул надвор од својот шеснаесетник, кратовскиот тим остана со фудбалер помалку.
Длабоко во судиското продолжение играч на Силекс играше со рака во својот шеснаесетник, судијата по прегледување на ВАР снимката досуди пенал кој го реализираше Мато за победа на Вардар од 2-1.
Со оваа победа Вардар се врати на првото место на табелата со 27 бодови, еден повеќе од Струга која има 26, Шкендија има 24.






