Вардар со трите бода си оди од Битола, Пелистер подобро го почна мечот, но на крајот не доби ништо од дербито.
Битолчани поведоа уште во десетата минута кога Керим погоди за водство на Пелистер од 1-0.
Потоа следуваше многу тензија која ја предизвика судијата Фуркан Идризи, а која кулминираше со престрого досуден пенал за Вардар кој го реализираше Закариќ во 20. минута за израмнување на 1-1.
Пелистерци брзо можеа да ја вратат предноста, но ја погодија пречката од голот на Талевски.
Нерешениот резултат беше актуелен до 75. минута кога Мато постигна гол за водство на Вардар од 2-1. Офанзивниот фудбалер непристојно се радуваше пред Чкембари, поради што доби жолт картон.
Седум минути подоцна Мато повторно стапи на сцена, убаво пласираше една топка во мрежата на Пелистер за конечни 3-1.
Ова е многу важна победа на Вардар во борбата за опстанок, црвено-црните му се доближија на четири бода до Пелистер.