недела, 13 април 2025

Вардар славеше против Брера и стигна до важни три бода во битката за опстанок

Вардар врза две победи на гости откако поладнево со 0-2 славеше против Брера, „црвено-црните“ стигнаа до важни три бода во битката за опстанок во ПМФЛ.

Објавено на

часот

Сподели

Екипата на Вардар направи голем чекор во борбата за опстанок откако слави сигурно на гостувањето кај директниот конкурент Брера со 0-2. Првото полувреме во Струмица не понуди голови, ама потоа вардарци ја оправдаа фаворитската улога и преку Горан Закариќ и Едиз Спахиу стигна до круцијални бодови.

Важна победа и големо изненадување направи Беса против Гостивар (2-1). Домашниот тим поведе од пенал на стартот на второто полувреме преку Ремзифаик Селмани. На голот му претходеше црвен картон на Мбенде, а во првиот дел гостиварци не реализираа удар од 11 метри. И вториот гол на Беса падна од белата точка, но овојпат погоди Шефит Шефити. Поразот на крај го ублажи Антонио Каланоски.

Лидерот Шкендија со доста мака слави во Кавадарци кај Тиквеш со 0-1. Иако останаа со десетмина, тетовчани со голот на Лиридон Латифи во 69. минута дојдоа до победата.

Пресврт-победа во завршницата забележа Силекс кај Воска Спорт (1-2). Поведоа охриѓани преку Адеми од белата точка уште на стартот и водеа до 85. минута. Потоа Николиќ и Донов погодуваа за Силекс да освои нови три бода.

Без голови заврши скопската пресметка на Шкупи и Работнички (0-0), а вчера Струга го совлада Пелистер со 4-1.

ТАБЕЛА: 1. Шкендија (56), 2. Силекс (52), 3. Работнички (49), 4. Гостивар (44), 5. Струга (42), 6. Шкупи (33), 7. Пелистер (29), 8. Вардар (28), 9. Беса (24), 10. Тиквеш (22), 11. Воска Спорт (22), 12. Брера (21).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ