вторник, 24 февруари 2026

Вардар се врати од минус шест и дојде до убедлива победа над Мелсунген

Вардар освои важни бодови во Европската лига откако со 37-33 го совлада Бундеслигашот Мелсунген кој во Скопје допатува со втор тим.

Фото: РК Вардар

Објавено на

часот

Сподели

Поради составот на противникот, Вардар беше голем фаворит за победата на овој меч, но работите не одеа како што треба на почетокот.

Мелсунген почна изненадувачки добро и неколкупати дојде до шест голови разлика во првото полувреме. Кога беше 6-12, Вардар како да се освести и почна да игра топејќи ја предноста на противникот. На одморот црвено-црните отидоа само со еден негатива, беше 18-19.

Во вториот дел Вардар го сврте резултатот и во мирна завршница дојде до убедлива победа од 37-33.

Јака Малус со десет голови беше најдобар стрелец кај Вардар, а ептен добро се покажа и новото засилување, Вукашин Воркапиќ кој реализираше девет. Одличен на голот беше Милош Валах со 14 одбрани.

Мелсунген останува лидер на табелата со шест бодови, Вардар и Бенфика имаат по четири, Кристијанштад два.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ