петок, 30 јануари 2026

Вардар се поднови со ново лево крило, Жуниор Тузолана е „црвено-црн“

Раководството на ракометниот клуб Вардар брзо реагираше по повредата на Махамаду Кеита и донесе негова замена, македонскиот клуб потпиша со Жуниор Тузолана.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар денеска и официјално го потврди ракометарот кој од пред неколку дена е дојден во Скопје.

„По неколкудневни тренинзи со екипата, Вардар го ангажираше Жуниор Тузолана (30 години, 187 см.) кој игра на позицијата лево крило. Тој доаѓа како замена за Махамаду Кеита кој во следните месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото.
Ангажманот на Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка сезона.Тој доаѓа од екипата на Сесон во Франција, каде играл последните четири сеозни.
Претходно настапувал за Понто-Комбо, Истр и неколку сезони за Нант. Лани настапи на 24 натпревари во француската лига и постигнал 49 гола“, стои во соопштението на РК Вардар.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ