понеделник, 15 декември 2025

Вардар сака да ги израдува навивачите, Лозана е претпазлива

Утре (четврток) со почеток од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Вардар ја пречекува Лозана во првиот меч од второто квалификациско коло за Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

За Вардар ова ќе биде најсеризниот предизвик досега, Лозана важи за сериозен фаворит во овој двомеч.

„Лозана е добар противинк. Мора да сме свесни дека пред себе не чекува тежок натпревар во овие први 90 минути. Се работи за исклучително квалитетна екипа која доаѓа од силното швајцарско првенство кое постојано напредува. Знам како се игра во тие лиги таму, сум играл во Австрија, сличен е фудбалот. Ќе одлучам со каква тактика ќе се спротивстави мојот тим. Но, верувам дека утре ќе гледаме добар фудбал. Ние треба да излеземе и да покажеме карактер. Ќе зависи и од тоа колку противникот ќе ни даде да играме. Но, момците кои ќе излезат утре ќе го дадат максимумот за да оствариме добар резултат за реваншот“, вели стратегот на Вардар, Гоце Седлоски.

„Имаме почит кон секој противник, но ние ќе играме наша игра, наша поставеност, наша тактика. Почит за Лозана, но најважно е како моите момци ќе се однесуваат утре. Сакаме да ја израдуваме нашата публика. Не сакам да кажам со кој резултат ќе бидеме задоволни“.

На мечот во Сан Марино, Закариќ поради повреда беше повлечен во игра на полувремето.

„Што се однесува до Закариќ, ќе одличиме по денешниот тренинг. Вечерва ќе бидеме дали ќе може да игра утре“, додаде Седлоски.

Тренерот на Лозана, Петер Цајдлер не сака да ја преземе улогата на фаворит.

„Нема фаворит. За мене секогаш пред натпреварот шансите се 50-50, па така и против Вардар. Ќе има и реванш, па нема фаворит на натпреварот“, вели Цајдлер.

„Се надеваме дека утре ќе имаме добар меч. Во изминатите две недели го анлизиравме Вардар, очекуваме силен противник утре. Во Швајцарија има многу Македонци што играат и што живеат. Сите добро го знаат Џани Алиоски. Очекуваме добра игра и фер натпревар. Од тоа што го видовме на мечот со Сан Марино, очекуваме жестока игра со доста офанзива, а резултатот ќе го знаеме наредниот четврток по реваншот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ