вторник, 3 февруари 2026

Вардар принудно заглави во Турција, враќањето во Скопје не оди по планот

Фудбалерите на Вардар кои се подготвуваа во Анталија, денеска требаше да се вратат во Скопје, но тоа најверојатно ќе се случи утре.

Објавено на

часот

Сподели

Причината е доцнењето на летот од Анталија до Истанбул поради што вардарци го пропуштиле авионот со кој требаа да летаат од Истанбул до Скопје.

Фудбалерите вечерва ќе преспијат во Истанбул и би требало во Скопје да се вратат утре.

Вардар подготовките ќе ги продолжи во Скопје, а следен пријателски натпревар е хуманитарниот меч против Осогово во Кочани кој се игра во сабота од 14 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ