петок, 20 февруари 2026

Вардар преговара со еден од најдобрите шпански ракометари!

Поранешниот европски шампион, Вардар е во потрага по наследникот на Дмитро Хориха кој треба да го напушти клубот по крајот на оваа сезона.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на порталот „Спорт1“, Вардар е во преговори со левиот бек на Спортинг Лисабон, Шпанецот Јан Гури кој се покажа во фантастично светло на последното Европско првенство.

23-годишниот Гури беше втор стрелец на Шпанија на Европското првенство, постигна 27 голови на континенталниот турнир. Важи за фантастичен ракометар си многу силен шут и би бил големо засилување за македонскиот клуб доколку преговорите завршат успешно.

Вардар е тенок на левата бековска позиција каде сега игра Хориха, а претходно од клубот си заминаа Вуко Борозан и Филип Талески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ