Попладнево беше извршена и ждрепката во Конференциска лига, каде Македонија ќе има дури три претставника во првото коло во квалификациите.
Вицешампионот Силекс за противник доби клуб од соседството и ќе игра двомеч против Дечиќ од Црна Гора.
Работнички, кој сезоната ја заврши како трет во првенството, ќе има пресметка со Торпедо Белаз од Белорусија.
Вардар, кој дојде до квалификациите како освојувач на Купот на Македонија, се чини помина најдобро и ќе ги одмери силите против Ла Фиорита од Сан Марино.
Првите натпревари се играат на 10. јули, додека пак реваншите се закажани на 17. јули.