петок, 16 јануари 2026

Вардар по само шест месеци се раздели со Ворен Чимбембе

Варен Чимбембе повеќе не е дел од скопски Вардар, објави клубот на социјалните мрежи.

Објавено на

часот

Сподели

Скопскиот клуб му се заблагодари на фудбалерот од Конго за сработеното од доаѓањето во Вардар минатото лето. Чимбембе пристигна во Скопје и од него се очекуваше многу, меѓутоа во целост потфрли и не ги оправда очекувањата.

Од доаѓањето во клубот летоска Чимбембе одигра само седум натпревари и тоа главно беше резервист. За тоа време на теренот постигна еден погодок во ПМФЛ.

Иако во минатото беше дел од респектабилни француски клубови како Гингамп, Троа и Мец, во Вардар не покажа апсолутно ништо. Поради тоа соработката меѓу двете страни е прекината порано од планираното.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ