Најтрофејниот клуб во Македонија им се врати на трофеите, Вардар првпат по 18 години го освои Купот на Македонија.
Финалето не изобилуваше со шанси, но црвено-црните ги искористија своите што ги создадоа и дојдоа до заслужена победа.
Резултатот беше отворен во 26. минута кога по асистенција од Јанкулов, Михаил Талески помалку среќно постигна гол за водство на Вардар од 1-0. Тоа беше и резултатот по првите 45 минути.
По само четири минути игра во второто полувреме, Вардар ја дуплираше предноста, а стрелец на голот повторно беше Михаил Талевски. Водство на црвено-црните од 2-0.
Главно се играше на средината на теренот, Струга во финишот се обиде да нападне и да се врати во игра, но не успеа.
На крајот Вардар заслужено се радуваше на трофејот од Купот на Македонија кој им носи и место во квалификациите од Конференциската лига.