Иван Чупиќ во Вардар се врати како нов тренер. Хрватот кој како ракометар двапати со црвено-црните го крена шампионскиот пехар, овојпат ќе има поинаква улога во македонскиот клуб, многу поодговорна.
„Со тешко срце донесов одлука да заминам. Метковиќ е мој дом, но кога стигна повикот од Скопје, знаев дека тоа е шанса што не се одбива. Им благодарам на сите во клубот за довербата и поддршката. Ова не е збогум, туку само довидување“, изјави Чупиќ по заминувањето од досегашниот клуб.
Целта на Вардар во новата сезона ќе биде да се врати на врвот во македонскиот ракомет и да одигра што поважна улога во Европската лига.






