понеделник, 15 декември 2025

Вардар оствари голема победа, но останува цврсто на земја

Вардар синоќа со 2-1 ја победи екипата на Лозана од Швајцарија во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига, тоа е одличен резултат против фаворизираниот противник.

Објавено на

часот

Сподели

Вардарци со предност од 2-1 ќе го започнат реваншот во Лозана. Македонскиот тим со вчерашната победа си ги зголеми шансите за продолжување на европското лето. Но, тренерот Гоце Седлоски знае дека не смее да се лета во облаци по овој триумф.

„Нашата победа во овие 90 минути мислам дека е сосема заслужена, создававме шанси, игравме офанзивен фудбал. По првото полувреме имавме се во наши раце. Не сум задоволен од влегувањето во првото полувреме, но пред нас имавме силен противник кој располага со силен буџет и игра во швајцарско првенство. Овие 90 минути ги одигравме како што треба, честитки за моите фудбалери кои го дадоа максимумот. Уште утре ќе мислиме на реваншот. Лозана се уште е фаворит и покај нашата победа. Ќе им дадам два дена одмор на дечките, а потоа почнуваме со подготовка за мечот во Лозана“, вели Седлоски.

„Секој натпревар за нас е притисок, знаеме што бараат навивачите, што бара управата, свесни сме дека Вардар долги години нема гостинска победа. Но сега газиме цврсто на земја, тие се уште фаворити. Дома играат доста брз и напаѓачки фудбал. Овој резултат го оставаме зад нас. Таму ќе влеземе како да е 0-0“.

Лозана дома игра на вештачка трева и тоа може да биде проблем за Вардар во реваншот.

„Знаеме дека имаат вештачка трева, но мора да се подготвиме и да одигравме уште еднаш вакви 95 минути. Сакам да се заблагодарам и на публиката која беше со нас во текот на целиот овој натпревар и ни даде голема поддршка“.

На денешниот натпревар не настапи капитенот Закариќ, тој е неизвесен и за реваншот.

„Во вакви натпревари шансите кои ни се укажуваат мора да ги користиме. Ги анализиравме добро пред мечот, создадовме многу шанси. Но, имаа и тие можности, мораме да признаеме. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со Закариќ, дали ќе може да настапи на реваншот. Во наредните 2-3 дена ќе знаеме дали ќе биде во состојба да игра“.

Eден од најдобрите на теренот беше Немања Босанчиќ кој храбро се бореше во средината на теренот против гостинските фудбалери. Тој е среќен поради победата и верува дека во радост и на реваншот во Швајцарија.

„Ова беше еден диманичен натпревар. Се подготвувавме за еден ваков дуел. Одигравме добар натпревар и заслужено победивме. Има некои работи кои треба да ги исправиме. И понатаму тие се фавирити, но веруваме дека можеме да ги поминеме. Ова е само прво полувреме, имаме уште 90 минути. Верувам во нас“, рече Босанчиќ на прес-конференцијата по мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ