среда, 16 јули 2025
Куп на Македонија

Вардар на пенали го победи Алкалоид во драмата крај Охридското езеро

Ракометарите на Вардар по подобро изведување на пенали го победи Алкалоид и се пласираше во финалето од Купот на Македонија, мечот во регуларниот тек беше 28-28.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар и Алкалоид одиграа возбудливо и неизвесно полуфинале кое не беше решено по 60 минути ракомет, па мораше пеналите да одлучуваат.

Двете екипи имаа свои моменти во натпреварот, по првото полувреме Алаклоид водеше со 14-13.

Во вториот дел Вардар го сврте резултатот во своја полза, поведе, но Алкалоид брзо ја врати предноста. Драматично беше во последните две минути. Алкалоид имаше водство од 28-27, но Срдановиќ го изедначи резултатот на 28-28. Алкалоид го имаше последниот напад, сепак не успеа да реализира, па пеналите требаше да го решат победникот.

Во пенал серијата Еспиња одбрани два пенали на Георгиевски и Митев, Галевски одбрани само еден, на Пинто, па црвено-црните славеа пласман во финале.

Вуко Борозан кај Вардар постигна седум гола, најефикасен за Алкалоид и воопшто на мечот беше Мартин Серафимов со осум погодоци. Галевски имаше дури 15 одбрани, Еспиња 13.

Во утрешното финале Вардар ќе игра со победникот од мечот меѓу Пелистер и домаќинот Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ