вторник, 10 март 2026

Вардар му гостува на Мелсунген, Германците без првите ѕвезди во борбата за врвот во групата во ЕЛ

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва ги очекува клучен предизвик во Европската лига на ЕХФ, откако во последното коло од главната фаза ќе гостуваат кај германскиот Мелсунген.

Објавено на

часот

Сподели

Дуелот во Касел ќе биде директна битка за врвот во групата и место во четвртфиналето. Скопскиот тим има јасна цел, победа значи прво место и директен пласман меѓу осумте најдобри во натпреварувањето. Но и домаќинот има ист мотив, па затоа се очекува неизвесен натпревар со голем влог за двете екипи.

Тренерот Иван Чупиќ за овој натпревар ќе може да смета на комплетен состав. Неколку промени ќе има во вардаровиот тим. Еднатае на голманската позиција, каде втор голман наместо Мигел Еспиња ќе биде Васил Гогов. Во составот повторно се враќаат и крилата Марио Стојановски и Гоце Георгиевски, кои ги заменуваат Пинто и Анастасовски.

На спротивната страна, Мелсунген нема да биде во најсилен состав. Тренерот Роберто Гарсија Парондо нема да може да смета на неколку важни ракометари, меѓу кои се Криштопанс, Баленсиага, Кастенинг, Симиќ и Мандиќ.

Натпреварот ќе се игра во салата „Ротенбах Хале“ во Касел со почеток од 20:45 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ