Вардар во овој натпревар ќе влезе со предност од 2-1, изборена во првиот меч кој се играше на Градски.
Лозана пред овој меч важеше за фаворит, важи уште, но сега шансите на Вардарци се зголемени за разлика од пред почетокот на двомечот.
„Првиот натпревар беше одличен, мора да го повториме истото и да победиме во Лозана за влез во следното коло. Мислам дека најсилна страна на Вардар е средниот ред. Ако ја добиеме битката на средината од теренот, мислам дека ќе победиме“, вели играчот од средниот ред на Вардар, Даниел Донгмо.
Слично размислува и неговиот соиграч, Димитар Тодоровски.
„Лозана покажа дека е одлична екипа, но ние направивме добра анализа и заслужено победивме на првиот натпревар. Сепак, според мене сега може да очекуваме многу потежок реванш“, изјави Тодоровски.
Добра вест за Вардар е враќањето на капитенот Горан Закариќ кој првиот меч го пропушти поради повреда.






