недела, 15 март 2026

Вардар лесно се справи со Новаци за место во четвртфиналето од Купот на Македонија

Вардар рутински со 3-1 го победи Новаци во тренинг центарот „Петар Милошевски“ и се пласираше меѓу осумте најдобри во Купот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Црвено-црните кои го бранат трофејот во ова натпреварување немаа проблеми за да дојдат до победата.

Резултатот рано беше отворен, по само девет минути игра Спахиу погоди за предност на Вардар од 1-0.

Брзо потоа следуваше гол на Азер Омерагиќ кој реализираше со глава за 2-0. А до крајот на полувремето гол даде и Новаци преку Стефан Јовановски кој погоди од пенал.

Конечните 3-1 ги постави Ворен Чимпембе во второто полувреме.

Покрај Вардар, место во четвртфиналето од Купот на Македонија изборија Струга, Силекс, Работнички, Шкендија Арачиново, Детонит Плачовица и Охрид.

Останува да се одигра уште натпреварот меѓу Шкендија и Тиквеш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ