Многу рано вардарци стекнаа капитална предност, бидејќи уште во првите шеснаесет минути стекнаа водство од 0-2.
Резултатот го отвори Горан Закариќ кој доби одлична асистенција од Азер Омерагиќ и осамен пред голот на ривалот реализира за 0-1 во осмата минута. Веќе во шеснаесеттата Омерагиќ успеа и да даде гол, откако голманот Ондоа киксна и лошо реагираше (0-2).
Третиот гол беше дело на новајлијата Стефан Цветковиќ кој погоди за конечните 0-3 во 48. минута од средбата.
До крајот резултатот остана непроменет и Вардар стигна до 48 бода на врвот на табелата, додека Работнички има само седум и е претпоследен.






