понеделник, 8 декември 2025

Вардар ќе игра директно во групната фаза од Европската лига, Алкалоид во квалификации

Македонските ракометни екипи, Вардар и Алкалоид ќе бидат дел од новата сезона во Европската лига на ЕХФ.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар ќе игра директно во групната фаза од Европската лига, а актуелниот шампион на Еврокупот, Алкалоид ќе мора до таму да дојде преку квалификации.

Алкалоид квалификациите ќе ги игра меѓу 30 август и 7 септември, противникот ќе го добие на ждрепка која е закажана за 15 јули.

Победниците од квалификациите – вкупно 12 екипи – ќе се приклучат на останатите клубови во групната фаза.

Ждрепката за групите ќе се одржи на 18 јули, додека натпреварите од групната фаза ќе започнат на 14 октомври и ќе траат до 2 декември.

Првите две екипи од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда. Натпреварувањето ќе продолжи со плеј-оф фазата на 31 март 2026 година, а новиот освојувач на Европската лига ќе биде крунисан на завршниот турнир што ќе се игра на 30 и 31 мај следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ