недела, 28 декември 2025

Вардар ќе го повлече бројот „11“ во чест на Васил Рингов

Васил Рингов ќе биде првиот фудбалер во историјата на Вардар чиј дрес ќе биде повлечен, веќе никој нема да може да го носи бројот 11.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска ФК Вардар одржа комеморација во чест на Васил Рингов, иконата на црвено-црните која почина на 70-годишна возраст.

За време на комеморацијата, извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски информираше дека клубот одлучил да го повлече бројот 11 во чест на Васил Рингов.

Струмичанецот станува првиот фудбалер на во историјата на Вардар чиј дрес ќе биде повлечен. Тоа е укажување на највисока чест за еден играч што е дополнителен показател за големината на Васил Рингов.

Во овој момент дресот со број 11 го носи 19-годишниот Димитар Данев. А дополнително ќе се знае дали тој во вториот дел од сезоната ќе игра со друг број или тоа ќе повлекувањето ќе стапи на сила од наредната сезона.

Рингов беше член на Вардар во три периоди или вкупно девет сезони. Дојде во 1977 година и остана до 1983, се врати следната година и се задржа до 1986 за по неколку месеци во Брауншвајг, повторно да го облече „црвено-црниот“ дрес и во него да ја заврши кариерата во 1987 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ