понеделник, 23 февруари 2026

Вардар казнет поради националистички скандирања на мечот со Башкимки

Дисциплинската комисија на ФФМ на вонредна седница донесе одлука за казна на фудбалскиот клуб Вардар.

Објавено на

часот

Сподели

Причината за такво нешто е однесувањето на навивачите за време на натпреварот со Башкими. Клубот ќе биде казнет поради националистички скандирања кон гостинската екипа и пиротехника.

Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра“, напишаа од ФФМ.

Вардарци суспензијата ќе ја „одлежат“ на натпреварот од Купот на Македонија против Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ