петок, 5 декември 2025

Вардар ја совлада Македонија ЃП и по шест години е есенски шампион

Вардар го задржа првото место на табелата во ПМФЛ откако попладнево со 1-2 славеше на гостувањето кај Македонија ЃП.

Објавено на

часот

Сподели

По пауза од шест години, Вардар е есенски шампион, избраниците на Гоце Седлоски попладнево триумфираа на гостувањето во Ѓорче Петров и го задржаа првото место на табелата во ПМФЛ.

„Црвено-црните“ имаа неколку одлични шанси во првиот дел, но никако не успеваа да реализираат, па беа казнети во 54. минута, Еступињан доби топка во фор и реализираше за 1-0.

Но Вардар успеа веднаш да одговори, на асистенција на Кастањеда, Омерагиќ изедначи на 1-1 во 63. минута од мечот.

Комплетниот пресврт беше направен неколку минути подоцна, Омерагиќ доби топка од Данев и погоди за 1-2.

На вториот натпревар од 13 часот, Струга со голот на Хамза го совлада Тиквеш со 0-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ