Двата клуба се казнети со по 5.000 евра поради фрлање на запалки во теренот од страна на навивачите.
Дисциплинската комисија при ФФМ донесени се следниве одлуки:
„ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 5000 евра поради фрлање на запалки на натпреварот од 21. коло против ФК Шкендија.
ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 5000 евра поради фрлање на запалки на натпреварот од 22. коло против АП Брера.
Дејан Сиљаноски фудбалер на ФК Детонит Плачковица се казнува со забрана на настап од 2 натпревари.
Исуфи Авдираман комет администратор на ФК Шкендија Арачиново се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 месец
Марјан Ристески- Претседател на ОФС Кичево се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 години
Џевдет Далипи- Потпретседател на ОФС Кичево се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 години“.






