Причината е настапот на Шкендија во Конференциската лига. Со цел да не се оштети тревникот на Националната арена „Тодор Проески“ нема да се играат натпревари до мечот на Шкендија против Шелбурн кој на програмата е во четврток.
Во текот на наредните денови ќе се спроведуваат и активности за одржување и заштита на тревникот кој е чувствителен особено во вакви услови на дожд.
Вардар во среда е домаќин на Новаци, тој натпревар ќе го одигра на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, ден порано Работнички во Автокоманда ќе ја пречека Брегалница.






