Откако Хартс објави дека Мато налето бесплатно се сели во Шкотска, следуваше реакција од Вардар. Клубот се обиде да заработи на трансфер, па прифати една од веќе пристигнатите понуди за играчот од МЛС лигата.
Сепак, денес медиумите во Шкотска пренесоа дека Вардар и Хартс договориле трансфер веќе овој преоден рок.
Според најавите вардарци ќе заработат непозната сума на пари за договорот на Мато, а тој наместо во јуни веднаш ќе се пресели во Шкотска и ќе се обиде да му помогне на тимот во борбата за титула.






